Десет лица се пријавија на конкурсот од ВМРО-ДПМНЕ, кој партијата го расипша за да најде идеален кандидат за претседател. Еден од кандидатите е професорката Гордана Силјановска Давкова која предава на Правниот факултет во Скопје, а истовремено е член на Институтот за правни и политички науки, катедра за уставно право и политички систем.
Таа во својата прва видео изјава по објавувањето на имињата на кандидатите рече:
„По долго размислување решив да ја прфатам иницијативата на моите почитувани колеги, за натпартиски кандидат на следните претседателски избори. Токму поради тоа ја барам поддршката од сите граѓани на Р Македонија од ковенцијта на ВМРО ДПМНЕ, како и од други политички субјекти. Она што ме водеше во одлуката беше свеста за насушната потреба во Р Македонија од глас на разумот, глас на правото, правдата и моралот, глс на вистинските европски вредости“, рече во видео обраќањето Силјановска Давкова .
Од 6 до 16 февруари кандидатите ќе ги претстават своите програми, најпрво по општинските комитети за финално да ја претстават својата програма и пред делегатите на конгресот на ВМРО ДПМНЕ на 16 февруари во Струга.
Потпрестедателот на ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски рече дека сите кандидати имаат и ќе имаат исти третман се до одбирањето на финалниот кандидат.
Но, дали е така?
Силјановска се шета по општински комитети
Имено веднаш по објавувањето на имињата на кандидатите, професорката Силаноска ја видовме дека посетила неколку општински комитети, но и истакнати партиски членови од ВМРО ДПМНЕ не се кријат, туку јавно ја истакнуваат подршката дека и ја даваат токму неа. Од друга страна, вчера во ОК Ѓорче Петров наместо со такси, пристигна со експретседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Неловски.
Но, повторно има „но“.... Силјановска рече: „Решив да ја прифатам иницијативата на моите почитувани колеги, за натпартиски кандидат на следните претседателски избори“... на каков натпартиски кандидат мисли кога ја одбра опозициската ВМРО ДПМНЕ како партија која треба да застане зад неа.
Но, дали е ВМРО ДПМНЕ или СДСМ, зарем е важно, кога натпартиски во секој случај значи независен кандат, кога веќе избираш страна, неможе да биде натпартиски кандидат. Можеби пак Силјановска се одлучи на овој чекор затоа што нетпартиски кандидати тешко успеваат да ги соберат потребните 10.000 потписи на граѓани за да влезат во трка за прв човек на државата.
Можеби малкумина денес знаат дека Силјановска беше и министер без ресор од 1992 до 1994 година во првата влада која како премиер ја предводеше Бранко Црвенковски. Година претходно била и член на Уставната комисија на Собранието на Република Македонија во 1991 година која презеде значајни чекори во независноста на земјата. Докторирала со почести во 1993 година на Универзитетот во Љубљана. Основач е и на првиот Совет на европско движење во Македонија. Во периодот од 2012 до 2016 беше и член на Веницијанската комисија за малцински прашања.
Силјановска овој период на јавноста и е добро позната како жесток критичар на двојазичноста, таа во сите свои јавни настапи цврсто застана против новиот Закон за употреба на јазиците и таа беше голем борец против Преспанскиот договор.
За неа Преспанскиот договор е неприфатлив и покажува дека Македонија е земја во распаѓање која се ставила во подредена улога на Грција со дозвола да и се мешаат дрско во внатрешните прашања и вели дека „покраината Македонија во Грција веќе го прогласи Солун како главен град на Македонија“ и тоа пред странски гости (на парадата во Солун на 28 октомври н.з.) и притоа истакна дека ние ќе го изгубиме најважното – придавката „македонски“. Но, нештата се менуваат. Вчера таа рече дека како претседателски кандидат гледа од друга дистанца и агол, за разлика од гледиштето како научник и професор. Па така, Силјановска можеби само ќе го прифати договорот од Преспа, без да се противи.
Од друга страна Силјановска е омилен професор кај студентите. Податоците од истражувањето на Факултети.мк спроведено на повеќе факултети во рамките на УКИМ во 2016 год покажаа дека според студентите од најстариот правен факултет во земјава п професорката Гордана Силјановска е професионална, објективна и пријателски расположена.
Студентите велат дека најфасцинантно кај професорката Силјановска што на предавањата, покрај програмата што е задолжителна од учебниците, внесува и многу други теми, како историски така и актуелни. На испитите што се полагаат кај неа, посочуваат студентите, никогаш не бара точно раскажани реченици од точка до точка, туку поставува прашања со кои би можеле да ги искажеме сопствените ставови на одредена тема. Таа никогаш, истакнуваат анкетираните студенти, не ја намалува оценката само затоа што студентот размислува на различен начин од неа.
Дали Силјановска ќе ја подржат делегатите на конгресот на ВМРО ДПМНЕ на 16 февруари, останува да видиме.