Силјановска: Владата каква и да е, се уште е актуелна и треба да биде прашана за она што сега се одвива

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
siljanovska-4

Додека постои една влада постојат сите механизми за контрола меѓу кои и пратенички прашања. Каква е таа специјална влада која е заштитена од прашување, знаете ли каква опасност е тоа за демократијата? Граѓаните и пратениците имаат право на увид на работата на владата, дури и да прашаат, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во „Тема на денот“ во дневникот на Сител, потенцирајќи дека оваа влада е на функција се до изборот на нова во јануари и постојат многу актуелни работи за кои треба да биде прашана и затоа не смееше да има одложување на седницата за пратенички прашања.

— реклама —

Таа истакна дека владата каква и да е, се уште е актуелна и треба да биде прашана за она што сега се одвива, бидејќи во моментов има дузина на закони во Собрание, се носат решенија, ние би сакале да прашаме за некои решенија.

— реклама —

- Обично Владите и министрите најмногу трошат на заминување и тоа го покажуваат ревизорските извештаи. Секоја владата каква и придавка има пред себе треба да биде одговорна влада и граѓаните и пратениците имаат право на увид, имаат право да бараат информации, имаат право на контрола, на секоја влада се додека таа постои таму. Затоа логично е да можете да ја прашате и владата во оставка, бидејќи таа ќе биде влада до средината на јануари до избор на новата влада, рече Силјановска Давкова.

— реклама —

Таа додаде дека може и роман да се напише со прашања за оваа влада.

- Од она што се случува деновиве, гледаме може да се излезе од притвор со гаранција, во текот на денот ситуацијата се менува, а нешто што Стразбур и забележува на Македонија токму е притворот и тоа треба да е исклучителна мерка која се применува доколку постојат трите опасности. Ете би прашала за притисоците врз судството. Гледаме дека министри или високи државни функционери ги користат социјалните мрежи за да праќаат пораки до судиите, тоа е непознат феномен, рече таа.

Силјановска Давкова потсети дека власта збори за зелената агенда, а гледаме дека се загадуваат водите на Охридско, Преспанско и Дојранско езеро, а да не говориме за загаденоста на воздухот.

- Или за родовата застапеност, кога власта ќе почне да ја реализира застапеноста 50-50 која ја ветуваше а гледаме само 4 министерки и две заменички, рече Силјановска Давкова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања