Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Сиљановска: Во Уставниот суд ќе седнат врвни правници и професори, а не како сега партиски послушници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Capture-6

Кандидатот за претседател на Република Македонија, проф. Д-р Гордана Сиљановска Давкова при дуелот со опонентот посочи дека кога таа ќе стане претседател на државата, во Уставниот суд ќе седнат експерти, а не како сега партиски послушници.

— реклама —

„100% сум сигурна дека ќе останам своја, а не 102% сигурна со ставовите на некој друг, држете ме до збор. Стручноста , компетентноста, меритократијата се мојот живот. Не само што го предавам тоа и пишувам, туку секогаш го бранам. Значи држете ме до збор биографиите нема да бидат скриени како оние на амбасадорите. Ќе можат сите да видат што значат луѓе со биографија, компетентност и стручност. И на факултет и секаде каде што сум работела сум се држела до тој принцип. Значи во Уставниот суд ќе седнат врвни правници, судии од највисок ранг, професори“, појасни Сиљановска.

— реклама —

Сиљановска додаде дека сега наградени луѓе добиваат функции, дури се чуди како нејзиниот опонент не станал судија во Уставен суд бидејќи тоа обично е награда за добро завршена работа во ДИК, бивши министри, бивши пратеници итн.

— реклама —

„Јас немам намера кога ги споменуваме законите да ги поништувам и да ги укинувам, тоа е надлежност на Уставниот суд, ама ние Уставен суд во моментот немаме“, нагласи Сиљановска.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања