Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Силјановска за мегданот со Шарена Револуција: Не сум чула пратеници и министри да бидат револуционери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
siljanovska-4

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска-Давкова, по средбата со Димитар Апасиев и Левица, рече дека очекува цензус во вториот круг на изборите, затоа што како што рече, верува дека студентите кои таа ги учела ќе знаат за кого да гласаат.

„Разговараме за она што се соочува Македонија. Мислам дека е јасно дека доаѓа крајот на политичките глумци на Балканот, особено на Западен Балкан. Тоа е веќе прочитано и јасно. Очигледно е дека оние кои ја креирале кризата на демократијата, не можат да бидат реформатори. Потребен е радикален пресврт, а тоа значи поинаква политика, луѓе кои се спремни да го вложат своето знаење, луѓе без фрустрации и луѓе почитувани.  Крајно време е сите да се изборат за своето право, а не со полнење на кутии, не со семејно гласање. Верувам дека тие кои сум ги учела, ќе знаат за кого да гласаат. Јас знам што е револуција, но како одеднаш сега повторно се појави „Шарена револуција“?. Јас не сум чула пратеници, министри да бидат револуционери. Се надевам дека ќе биде исполнет цензусот за вториот круг и се надевам дека сериозно ќе се земат предвид предупредувањата на Венецијанската комисија“, порача Силјановска-Давкова.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања