Промени тема
Контакт

Силјановска за Пендаровски: Ваквиот почеток на кампањата навестува атмосфера на недоверба, ширење параноја, застрашување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
51352852_777130685978142_866252714139451392_n

Гордана Силјановска – Давкова, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук се осврна на изјавата на претседателскиот кандидат на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски, дека го следела тајна разузнавачка служба, блиска до опозицијата.

„Мнозина се прашуваат каква ќе биде изборната кампања. Со право, стравуваат од негативна и валкана кампања, во која противкандидатот/противкандидатката ќе се дискредитира по лична основа, со ad hominem напади, и ќе се претставува како непријател наместо како конкурент во претседателска трка. Веќе реков дека тоа не е мој стил и дека ќе дадам максимален напор натпреварот со двајцата колеги-професори да биде таков каков што ни доликува и каков што од нас очекуваат граѓаните.

— реклама —

Со видео порака веќе изразив загриженост околу тврдењата на колегата, проф. Стево Пендаровски, дека е следен од странски служби, односно од лица кои се вработени во македонскиот безбедносен сектор, а со години соработувале со тие (непријателски) служби. Покрај тоа, пратеникот Кирацовски, близок соработник на Пендаровски, обвинува дека постојат „служби на опозицијата“, заборавајќи кој е власт во оваа земја, и кој е одговорен за безбедноста не само на кандидатот Пендаровски, туку и на сите обични граѓани.

Но, во оваа прилика сакам да укажам и на неколку други работи:

— реклама —

Прво, ваквиот неформален почеток на кампањата навестува атмосфера на недоверба, ширење на (политичка) параноја, застрашување, па дури и тешки инсинуации не само за дел од вработените во нашите безбедносни служби, туку и за опозициските партии, и за мене како кандидат, како луѓе кои не само што се наводно антизападни, туку и кои се „балкански шпиони“. Влезот во НАТО и во ЕУ се тема околу која постои национален консензус, и затоа е погубно ако во кампањата влеземе како ликови кои потсетуваат на филмовите од времето на Студената војна. Присвојувањето на сѐ што е напредно и прозападно од страна на претставниците на власта, фактички, од сите останати прави анахрони „негативци“ и нѐ става во дефанзивна и инфериорна позиција. Она што го сметам за несреќна изјава на Пендаровски, се надевам, дека ќе запре тука и дека нема да се пренесе во официјалниот дел од кампањата, освен ако некој има идеја претседателските избори да ги претстави во манихејска форма како битка на Доброто и Злото, Западот и Истокот, Вашингтон и Москва.

— реклама —

Граѓаните на Република Македонија избираат свој претседател, шеф на држава кој ќе ја претставува дома и во странство, и не е ничиј пион на шаховската табла. Како на мала земја ни се потребни сите можни пријатели и сојузници од меѓународната сцена, и тоа како за безбедносна, така и за политичка, економска, културна и друга соработка“, стои во објавата на Фејсбук.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања