Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, на својот Фејсбук профил напиша дека за разлика од нејзиниот противкандидат, Стево Пендаровски, таа нема штаб и луѓе кои како војници извршуваат партиски наредби со цел да добијат од партија вработување.
„Јас, за разлика од Стево, немам штаб. Немам луѓе што како војници извршуваат партиски наредби, со надеж дека ако ја завршат добро работата ќе добијат од партија вработување, унапредување или место во некој управен одбор. Имам тим од луѓе кои ги обединува љубовта кон татковината и желбата да се воспостави владеење на правото. Дел се блиски до ВМРО-ДПМНЕ, дел често ги критикувале нивните политики. Но, сите се мотивирани со идејата нашата земја да оди напред и водени од граѓанската должност да дадат свој придонес кон создавање на општество што ќе почива на основите на правото и правдата, напиша Силјановска.