Силна поддршка од САД за европскиот пат, само Мицкоски и Апсиев се против ЕУ, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Untitled-1

Нашата држава добива силна поддршка од најважниот и најголемиот сојузник САД, што беше потврдено и за време на посетата на претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, вели СДСМ

— реклама —

„За нас како држава, особено важна е пораката дека САД силно ќе ја поддржат нашата европска иднина, реформите и чекорите за полноправно членство во ЕУ, порака од американскиот државен врв што доаѓа во период кога успешно тече скрининг процесот а потребни се чекори во Собранието за продолжување на преговорите со ЕУ.

— реклама —

И додека поддршката за продолжување на европскиот пат доаѓа од најважните стратешки партнери и сојузници, дома, на македонската политичка сцена против ЕУ се само Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ и Левица се единствените против влез во ЕУ и европската иднина на државата и нејзините граѓани.

Мицкоски, се натпреварува со Апасиев, чиј што заложник е, како да го закочи патот кон ЕУ, а меѓусебно се натпреваруваат кој поголема штета ќе предизвика на државата и идните генерации.

СДСМ заедно со граѓаните, заедно со сите проевропски партии во земјата тоа нема да го дозволи и заедно со граѓаните, со сите проевропски сили ќе ги направиме сите потребни реформи, за да продолжиме по европскиот пат“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања