Промени тема
Контакт

Силни врнежи од снег на Стража, воведена забрана за камиони

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
UGTPZ-pat-sneg-kamion

На патниот правец Кичево – Гостивар преку планинскиот превој Стража поради интензивни врнежи од снег во 04:50 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

Од 03:45 часот на патниот правец Маврово – Дебар се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

На 15.12.2021 г. од 10 часот мостот на река Брегалница кај село Долни Балван на локалниот пат село Долни Балван - село Таринци, општина Карбинци заради безбедност на учесниците во сообраќајот е затворен за сообраќај.

— реклама —

Сообраќајот на патниот правец Р1402 Струмица – Мокрино – Смолари кај Мокрински извори е во прекин поради нанос на коловозот и поплава. Екипите на Ј.П. Македонијапат работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.

— реклама —

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместa влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на планинскиот премин Стража и во Маврово.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

— реклама —

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања