Промени тема
Контакт

Силно невреме го погоди Истанбул: 10 повредени во две сообраќајни несреќи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Свет
media-librarylbq513g3mdeq6bpYAOL

Силно невреме го зафати Истанбул, предизвикувајќи проблеми во сообраќајот, поплавени коловози и повеќе сообраќајни несреќи во кои се повредени вкупно 10 лица.

Според информациите што ги пренесува Анадолија, дождовниот систем што пристигнал од Црното Море ги зафатил областите Шиле, Султанбејли, Малтепе и островите на анадолската страна на градот.

Обилните врнежи и водата на патиштата значително го отежнале движењето на возилата.

Во Есенјурт, на спојниот пат О-3, на автопатот Авџилар – Харамидере – ТЕМ, се случил верижен судир во кој учествувале 11 возила.

Во несреќата биле повредени шест лица.

Во друг инцидент, во Ускудар, во областа Узунчаир, се судриле три возила, при што биле повредени уште четири лица.

— реклама —

На местата на несреќите биле испратени полициски, медицински и противпожарни екипи.

На повредените најпрво им била укажана помош на самото место, по што биле пренесени во блиските болници.

Во други делови од Истанбул биле регистрирани и дополнителни сообраќајни несреќи со материјална штета.

— реклама —

Невремето предизвикало сериозни проблеми на повеќе патни правци, а властите и итните служби останале на терен поради ризикот од нови инциденти.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryk0bssv3bg2og0ecsKgH

(Фото) Ако една фотографија вреди илјада зборови, тогаш целата приказна за Истанбул изгледа вака: Од појадок покрај Босфорот до ручек во Кадикој

Свет | пред 1 месец

media-libraryvhqm45k3ugssevfYkay

(Видео) Шок во Истанбул: Маж си го пресекол грлото, викал дека е „Мехди“

Свет | пред 4 месеци

media-libraryg0g67t8fikq8czbUtxZ

(Видео) Голман реанимираше галеб среде терен, откако беше удрен со топка

Вирално | пред 6 месеци

media-librarymu8c9qpk730v8sqGf4p

Авион од линијата Приштина – Истанбул излета од такси-патека на аеродромот

Свет | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања