Симеон Атанасов: Ќе го платам долгот на Есма, ако Реџепови се откажат од музејот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
Screenshot-2022-01-18-193048

И по пет години од смртта на Есма Реџепова Теодосиевска, долгот за лекување во болницата „Аџибадем Систина“ со износ од над 14.000 евра сè уште не е подмирен . Јавноста остана затечена по веста за неплатениот долг, оти откако Есма почина, нејзините внуки од сестри и браќа, како и внуци на Стево до денес водат битка како и кој да ја наследи куќата на Кале.

— реклама —

Симеон Атанасов, кој е едно од децата на Теодосиевски кои ги посвоија и кој беше менаџер на Есма до крајот на нејзиниот живот, во интервју за Бекстејџ потврди дека сметката не е платена и дека се понудил да ја плати целата сума.

— реклама —

„Јас се понудив да ја платам сметката како што ги покрив сите погребални работи кои што требаше и имам за тоа фактури. Не е покриена бидејќи дента кога почина веќе имаше индикации дека Реџепови ќе ги остават двата тестаменти кои Есма ги остави. Јас во консултација со моите адвокати бев сопрен, затоа што по некое правило кога некој нешто наследува, тој го наследува и доброто и лошото. Поради тоа е стопирана целата постапка со „Систина“ да не се покрие овој трошок.“, вели тој.

— реклама —

Атанасов додава дека ако Реџепови се откажат од овој спор и го предадат музејот на министерство за култура, овој долг ќе го покријам.

c23Uz1VYQHg

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања