„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Симовски: Имаше два обиди за хакерски напад на системот за попишување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-09-06-at-09.04.20

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека имало два обиди за хакерски напади на системот за попишување.

— реклама —

„Имавме два случаја за обид за хакерски напади на самиот систем за попишување. Во двата случаи беа успешно одбиени. Факт е дека има и такви групации кои сакаат овој процес да не успее и јавно повикуваат граѓаните да не се попишуваат. Но, не би сакал да претпоставувам паушално дали некој од нив стои зад нападите. А, зошто овие групации се против пописот, не можам да разберам“, вели Симовски.

Во врска со техничките проблеми кои се појавија тој вели дека првиот ден немале проблеми зошто базата на податоци била празна, а веќе вториот ден мало успорување на процесот. Истакна дека досега сите технички проблеми се решени.

— реклама —

- Користиме интерент од околина и не може само со еден предавател да се работи. Имаме голем и спремен тим и кој сето ова го контролира. Заштитните механизми се поставени на највисоко ниво. Техничките недоследности не се случија поради хакерски напади.  - рече Симовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања