Промени тема
Контакт

Синдикатите денес на протест пред Собрание и Стопанска комора

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
SSM-696x419

Сојузот на синдикати на Македонија денеска напладне ќе излезе на протест пред Собранието и пред Стопанската комора во израз на незадоволство од неизгласувањето на законското решение со кое недела се прогласува за неработен ден и со барање минималната плата да изнесува 60 проценти од просечната плата, а со тоа и спирално зголемување на сите останати плати согласно колективните договори.

Протестот ќе започне пред зградата на ССМ, а учесниците ќе се движат кон Собранието на Република Северна Македонија, а потоа и кон седиштето на Организацијата на работодавачи на Македонија и Стопанската комора на Македонија каде што ќе бидат упатени барањата од протестот.

— реклама —
— реклама —

ССМ бара усвојување на измените и дополнувањата на Законот за работните односи со кои се прогласува недела да биде ден на неделен одмор согласно договореното на Економскиот – социјален Совет по пат на социјален дијалог, измена и дополнување на Законот за минимална плата со која ќе се спречи минималната плата да изнесува под 60 проценти од просечната плата, односно таа да се зголеми најмалку на 18.000 денари и да се предвиди решение со кое и останатите плати ќе го следат растот на минималната плата, како и потпишување на Општиот колективен договор за јавен сектор и Општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.

— реклама —

Во наредниот период, во зависност од резултатите, од ССМ велат дека ќе повикаат на Генерален штрајк што ќе продолжи преку изразување на разни форми на изразување на работничкото незадоволство и синдикален притисок, на начин определен од страна на штрајкувачки одбор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања