Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид, преку СВР Охрид синоќа, во 20:25 часот добила дојава дека, на територијата на НП „Галичица“ се изгубени две лица, странски државјани, објави ohrid press.
– Оперативниот центар на Планинската спасителна служба (ПСС) веднаш ги алармира волонтерите, стапи во контакт со изгубените и со помош на GPS координатите од нивниот мобилен телефон, ја одреди нивната локација, на 1,5 км југоисточно од селото Пештани, по што започна акцијата за нивно безбедно извлекување. Поради тешко пристапниот терен и густата вегетација на тимот му беа потребни 2 часа и 30 минути за пристап до лицата и уште околу 2 часа за нивна безбедна евакуација. Акцијата заврши доцна синоќа, на 27-ми мај 2019 година, 30 минути по полноќ.