Синот на повредениот 52-годишен скопјанец во кого удри „волво“, вели дека по несреќата, возачот избегал сосе возило. „Скопје1“ побара детали од МВР, од каде ни посочија дека ќе достават информација кој го управувал возилото и дали има возачка дозвола. Од извори во истрагата дознаваме дека полицијата има траги кои ги следи поврзани со избеганиот возач.
„Ова се случи вчера околу 23.30 часот каде што беше прегазен татко ми, пешак, па пренесен во државна болница. Без жал, ниту застанал, ниту ништо. Избегал и го управувал возилото без возачка дозвола. Ова нема крај, ќе изгинеме како ништо во државава“, пишува синот на пешакот под објавата на „Скопје1“.
Инфорацијата дека возачот немал возачка дозвола, остана непотврдена од институциите.

Пешакот по укажаната помош во болница, изутринава бил пуштен на домашно лекување. Тој, според неговиот син, има набиеници на телото и трауми од вчерашната сообраќајка.
Инаку, според информациите од МВР, возачот управувал возило „волво“ со кое удрил во семафор, па во пешакот.
Прегазен пешак во Скопје - повредениот однесен во болница
Вечравечер, околу 23 часот, на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ е прегазен пешак.„На 24.02.2025 во 23.30 часот во СВР СКопје било пријавнео дека на крстосница од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Њуделхиска“, патничко возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, удрило во семафор и во пешакот Г.Ц.(52) од Скопје, по што возачот го напуштил местото. Притоа, пешакот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР.Увид на местото избвршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот
Скопје | пред 9 месеци