Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Сипаници кај овци и кози: АХВ спроведува контроли, се разгледува можноста за вакцинација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
ovci
Илустрација

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги засилува контролите на терен по појавата на сипаници кај овци и кози и навремено презема мерки за спречување на ширењето на болеста.

— реклама —

Од АХВ информираат дека преку ветеринарните друштва со кои имаат склучено договори добиваат информации за појава на болеста во одгледувалиштата. По пријавувањето се земаат примероци од животните, вклучително крв и брисеви, за лабораториско испитување на присуство на вирусот.

Доколку болеста биде потврдена, директорот на АХВ донесува решение за спроведување контролни и заштитни мерки, по што се пристапува кон евтаназија на заболените животни и нивно соодветно закопување.

— реклама —

АХВ посочува дека континуирано ја следи состојбата на терен и ги презема потребните мерки за контрола на болеста.

— реклама —

Во однос на можноста за вакцинација, АХВ доставила информација до Европската комисија и до Турција за можноста за донација на вакцини. Експертската група продолжува со состаноци и разгледување на соодветните мерки, а повторно е побарана и помош од EUVET тимот на Европската комисија.

Од АХВ појаснуваат дека доколку биде одобрена вакцинацијата, најпрво ќе се испитаат безбедноста и чистотата на вакцината, по што би започнала вакцинацијата.

Агенцијата предупредува дека сточарите не смеат самостојно да вакцинираат животни. Секоја вакцинација на сопствен трошок без претходно одобрение од АХВ ќе биде санкционирана, а за заболените животни нема да се исплаќа компензација, односно обештетување за одземените животни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library28toi26mc2fr31iJkmx

Одземени околу два тона небезбедно месо во Радовиш и 50 килограми месни производи во Пепелиште

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryc25mrd6h2n162muoaAi

Уништени 470 килограми ќебапи, плескавици и внатрешни органи пронајдени во нерегистрирана комора на приватен имот во општина Василево

Македонија | пред 4 дена

media-libraryvbr6e45ufdd43WYhghA

Запленети над пет тони овошје и зеленчук што нелегално се продавале на скопските пазари

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryp7j0pohh0mkc1MsEVlk

Еден тон забранети пилешки желудници запленети и уништени во месарници во Охрид и Струга

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања