Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Системот „Безбеден град“ почна да функционира и во охридскиот регион

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Охрид
media-libraryuorm5rg4lhh68fwu8X9

Камерите од системот „Безбеден град“ се ставени во функција на автопатската делница кај Ново Село во Општина Дебрца, а во наредниот период ќе бидат активирани и на други фреквентни сообраќајници во охридскиот регион.

— реклама —

Од СВР Охрид информираат дека денеска е извршено финалното техничко тестирање на безбедносните камери, кои се дел од современиот систем за сообраќаен надзор „Безбеден град“ (Safe City), што на национално ниво официјално започна со работа на 1 февруари годинава.

— реклама —

По завршувањето на тестирањата, стручните екипи ги активирале камерите на автопатскиот потег кај Ново Село, а во следниот период се очекува системот да профункционира и на делницата меѓу селата Горенци и Требеништа, како и на останатите пофреквентни сообраќајници во регионот и на коридорите 8 и 10.

Од полицијата нагласуваат дека камерите во моментов не вршат санкционирање на возачите, бидејќи системот сè уште се наоѓа во завршна фаза на техничка проверка.

— реклама —

Според најавите, „Безбеден град“ ќе овозможи постојан надзор на сообраќајот, побрзо детектирање на прекршоците, подобрување на сообраќајната дисциплина и намалување на бројот на сообраќајни незгоди.

— реклама —

Од СВР Охрид апелираат до возачите доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, особено ограничувањето на брзината на делницата кај Ново Село, каде максимално дозволената брзина изнесува 100 километри на час.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryieiifrbnci9b2DoVXzS

ЈП „Охридски Комуналец“ ги подготвува цветните леи за есенско-зимската сезона

ОО | пред 3 дена

— реклама —
media-librarybmmhk23aqoro5LkPDPu

Перчо Божиновски: Младите охриѓани со три проекти ќе го претставуваат градот на Националниот ЛАПСИ форум

ОО | пред 5 дена

markica

Се одржа седумнаесеттата седница на Градскиот совет

ОО | пред 5 дена

media-library97kv8qhuab0i2Fx67P5

Свечена академија „Од идеја до независност“ по повод 23 Октомври

ОО | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања