Системот за лични документи не само што не функционира туку е неверојатно погрешно направен, кревајте на телефон и доста ги малтретирате граѓаните, вели Николова

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
licna-karta

Писателката Ксенија Николова реагираше на социјалните мрежи за електронскиот систем за закажување термини за промена на пасош, лична карта и возачка дозвола.

— реклама —

„Вака сега, збор два околу електронскиот систем за закажување термини за промена на пасош, лична карта и возачка дозвола.

— реклама —

На телефон никој не се јавува, нема сигнал, не можеш да добиеш ни за жива глава. Ок, затоа постои електронскиот систем што мене секогаш ми е подобра опција, секако АКО ФУНКЦИОНИРА.

— реклама —

Системот не само што не функционира туку е неверојатно погрешно направен, небаре сами побарале да им направат систем кој намерно е создаден за да не им заврши работа на граѓаните.

Прво, не можеш да одбереш пакет на документи одеднаш, на пример не можам да одберам дека сакам промена на сите три документи што е секако моменталната потреба на секој од нас. Мораш за секој документ посебно да закажуваш.

Второ, треба да ПОГОДУВАШ кој термин е слободен, зашто системот не ти покажува слободни термини во наредниот период, туку едноставно како игра на среќа одбираш датуми, за после да ти излезе едно прозорче дека нема слободни термини во тој ден, во тој час. Па пак одново и така во круг.

Трето, кога конечно ќе помислиш дека решението е да одбереш термин во ноември, тогаш ти излегува прозорец дека можеш да закажеш термин само во наредните 60 работни дена.

Чекај малце, сериозни сте?

Не знам кој ви го правел електронскиот систем, не знам колку пари сте дале за да ви се направи тој систем, ама можам да ви кажам дека системот во ниеден случај не им помага на граѓаните туку напротив, ИМ ОДМАГА!

Не знам дали целта е да се одбере брза постапка или да се фаќаат врски, вие си знаете, како и да е СРАМОТА Е!

Секогаш сум објективна, секогаш сум трпелива, ама ова е неприфатливо!

Апел до вашите служби, КРЕВАЈТЕ НА ТЕЛЕФОН и доста ги малтретирате граѓаните“, вели Николова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања