Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

„Систина“ одбила да ги намали цените за лекување на ковид пациенти, Жан Митрев ќе види, тврди Филипче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot_4

Министерот за здравство, Венко Филипче, разговарал со приватните клиники да ги намалат цените за лекување на пациенти со коронавирус. Според него, од „Систина“ биле децидни дека тоа не може да го направат бидејќи немаат економска логика, а од „Жан Митрев“ кажале дека ќе види дали може да ги намали цените.

— реклама —

„Вчера имав состанок со медицинските директори на трите приватни болници, на ‘Ремедика’ каде не се лечат ковид пациенти, на ‘Жан Митрев’ и ‘Систина’. Најпрво зборувавме за кадарот, веќе од утре треба да ни биде на располагање, а тоа се пет лекари од Систина’, двајца од болницата ‘Ремедика’ и веројатно еден од ‘Жан Митрев’, иако првичната најава беше дека се голем број од здравствениот кадар на боледување, дека ќе можат да пренасочат еден лекар да биде на располагање. Втората тема на разговорот беа цените. Иако апелирав тоа да се направи бидејќи е криза, бидејќи е пандемија, бидејќи е специфично прашање насекаде во светот, доктор Жан Митрев изрази спремност и рече дека денеска ќе потврди дали ќе ги намали цените за одреден процент, а од ‘Систина’ јасно ми кажаа дека тоа не можат да го направат бидејќи немале економска логика. Формално-правно немаме никаков механизам да коригираме цени“, кажа Филипче пред новинарите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања