„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Сите донирани вакцини од Бугарија ќе се искористат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
vakcina-vakcinacija-7

Министерството за здравство информира дека согласно точните проекции за потребите за ревакцина со вакцината на „Фајзер“, како и големиот интерес за прва доза од овој производител, сите дози ќе бидат аплицирани далеку пред истекување на рокот на важност.

— реклама —

„Вакцините од производителот „Фајзер“ кои треба да пристигнат како донација од Република Бугарија, ќе бидат аплицирани за 5 до 7 дена од нивната дистрибуција на пунктовите.

Согласно договорот со Република Бугарија, вакцините ќе бидат достапни на 14 септември на нашите пунктови што значи дека има повеќе од доволно време да се искористат и ниедна да не биде уништена. Просекот на дневно аплицирани дози е околу 10.000 вакцини и најголем процент од нив се токму од производителот „Фајзер“.

— реклама —

Оттаму граѓаните може да бидат спокојни дека сите вакцини ќе бидат безбедни и со важечки рок во моментот на вакцинирање. Министерството во оваа прилика изразува благодарност до Владата на Република Бугарија за донацијата.

Апелираме граѓаните масовно да се вакцинираат како би се заштитиле од вирусот“, велат од Министерство за здравство

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања