Сите граѓани и граѓанки од Скопје кои до 30 април се пријавиле за вакцинација против ковид-19 на сајтот vakcinacija.mk добиле термин, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Во наредните три дена, како што вели Филипче, термини за вакцинирање ќе добијат граѓаните над 40-годишна возраст и од другите градови кои до крајот на април изразиле желба за вакцинирање, објави СДК.МК.
„Од вчера почна вакцинацијата и на пациентите кои се на дијализа, како и пациентите со трансплантација“, вели Филипче.
Досега во земјава вкупно се аплицирани 203.324 дози вакцини, вакцинирани се 176.909 лица, а ревакцинирани 26.415. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 346.431.