Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Сите македонските државјани кои се обиделе да влезат во Грција со тест за антитела по прележан ковид-19, биле вратени од граница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
grcija-granica-ne-smeedavnesuvatefood-01-74771-114634-696x406

Покрај тоа што беше најавено, засега Македонците кои имаат прележано ковид-19, сè уште не можат да влезат во Грција со тест за антитела, туку исклучиво тоа може да го направат со негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа) и потврда за вакцинација 14 дена по примањето на втората доза, објави plusinfo.mk.

Сите македонските државјани кои се обиделе да влезат во Грција со тест со кој се потврдува присуство на антитела по прележан ковид-19, биле вратени од граничните власти на преминот „Евзони“.

— реклама —

Ова за Плусинфо го потврдија од нашето Министерство за внатрешни работи.

— реклама —

– Не е дозволен влез на македонски државјани во Република Грција со тест за антитела. Влез е дозволен само со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа и со потврда за целосна вакцинација – ни рекоа од МВР.

— реклама —

Ваквата ситуација е навистина хаотична, поради тоа што според грчкото МНР во земјата може да се влезе и со потврда за прележан ковид-19 или да се покаже резултат од позитивна дијагноза со ПЦР или антиген тест, што е валиден од два до девет месеци од датумот на заболување наведен во документот.

Истата одлука ја има и на интернет страната на македонското МНР за тоа на кој начин е дозволен влез кај нашиот јужен сосед.

Текстот во целост на: plusinfo.mk.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања