Промени тема
Контакт
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“ Гледај на LANDOV.MK 2:44:14

Сите невработени лица кои ги исполнуваат условите да се пријават на повиците за мерките од Оперативниот план за вработување, посочи СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Agencija-za-vrabotuvanje

„СДСМ продолжува со посветена борба против сиромаштијата и невработеноста. Објавени се првите јавни огласи од Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување за 2022 година. За една од најискористените мерки, мерката Самовработување со новиот план обезбедени се средства за отворање на сопствен бизнис за 2.000 лица“, вели СДСМ.

Тие додаваат:

— реклама —

„Финансиската поддршка за едно лице да отвори сопствен бизнис изнесува 5.000 евра или до 10.000 евра ако компанија основаат двајца содружници.

— реклама —

Со мерката Практиканство ќе се опфатат над 1.600 млади лица до 34 години кои ќе можат да се вклучат на пазарот на труд и да се стекнат со практични знаења на одредено работно место.

Овие лица ќе добијат месечен надоместок во висина од 9.000 денари со вклучено осигурување за период до три месеци.

— реклама —

Отворен е и повикот за мерката Вработување и раст на правни субјекти која на работодавачите од микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации им овозможува да го прошират и развијат сопствениот бизнис, со отворање на нови работни места.

Сите лица кои ги исполнуваат условите можат да конкурираат во еден од триесетте центри за вработување или онлајн на веб страницата на Агенцијата за вработување.

Оперативниот план како една од клучните алатки за намалување на стапката на невработеност за оваа година има буџет од 30 милиони евра и со него ќе се опфатат околу 15.000 невработени лица“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ: Скопје без сигурен превоз, Ѓорѓиевски со дрон и билборд, автобуси од Орбан и ѓубре од Куманово

Македонија | пред 19 часа

— реклама —
media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува

Македонија | пред 21 час

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ: Земјоделците се на работ, трошоците растат 8,8%, цените 2,3%, Арамијата молчи

Македонија | пред 3 дена

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Мицкоски најавува дека струјата нема да поскапи, но не ја исклучува можноста за повисоки сметки од јануари

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања