„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Сите очи вперени во истрагата за Вања: обдукциониот наод уште не е доставен во Обвинителство

објавено пред 2 години -

Македонија
ubijci-vanja-2

Истрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се води зад затворени врати, а одговори нема ниту на прашањата кои се од јавен интерес. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, укажа дека одговори треба да се бараат од Обвинителството, кое пак, не споделува никакви детали.

— реклама —

„Скопје1“ дознава дека истражната институција се уште го нема добиено ниту обдукциониот наод за убиената Вања, а оттаму – ниту ја потврдуваат, ниту ја демантираат оваа информација. За обдукцијата, досега кажаа само дека не станувало збор за обична обдукција – туку специфична која треба да даде бројни одговори.

Министерот Спасовски пред една недела кажа и дека се најдени два пиштоли, во рамки на претресите на локации поврзани со осомничените. Одговори што покажале вештачењата – нема. Познато е само дека двете оружја се најдени во околината на Скопје. Дали со некое од нив е пукано кон Вања и Панче – за јавноста е непознато.

— реклама —

„Сите работи околу случајот и сѐ што е потребно се доставува до Обвинителството. Во текот на истрагата, сите информации ќе ги барате од таму“, посочи Спасовски.

Засега е познато само дека не е исклучено истрагата да се прошири и на други лица. Целта на ова ќе биде за да се дојде до вистината односно мотивите. Досега, Турција достави дактилоскопски податоци, папиларни линии од првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо, и тие се доставени и ќе бидат предадени во јавното обвинителство и се очекува наскоро да стигне и материјалот за ДНК анализа.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

За нивното убиство и помагање за бегство, засега се осомничени шест лица, од кои пет се во притвор, а првоосомничениот Љупчо Палевски се чека да биде екстрадиран од Турција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања