Сите политички партии се согласуваат дека времето на Пржинската влада заврши, вели Николоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
nikoloski25012022

Денес имаме средба со претставници на т.н. Млади европски амбасадори, тоа е една исклучително талентирана група на млади луѓе од Македонија, вкупно 120 се избрани во Европа од кои што 10 се Македонија што имајќи во предвид големината на државата се работи за една исклучително голема бројка. И ќе поразговараме во однос со состојбите во државата и европските интеграции, вели Александар Николоски, пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Иначе ми е особена чест што вчера во рамки на сесијата на парламентарното Собрание на Советот на Европа бев избран за потпретседател на Европската Народна партија во рамките на Советот на Европа. Тоа значи дека во рамки на најголемата политичка партија во Европа ќе имам можност да ги координирам активностите заедно со претседателот на групата во Советот на Европа. Тоа се пред се активности поврзани со делот на заштита на човековите малцински, јазични права, понатака фер и демократски избори, мониторинг на избори, борба со организиран криминал и корупција, и економска еднаквост. Покрај мене беа избрани и исто така за заменици претседатели и господинот Улрих Вокер од Германија, госпоѓата Дора Бакојани од Грција, понатака Бернард Фурние од Франција, колегата Луис од Португалија, и колешката Шо од Норвешка. Така што тоа е еден убав настан кој што се случи вчера“, вели Николоски

— реклама —

На прашањето дали сите партии се согласни со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на Пржинска влада, тој одговори дека сите политички партии се согласни.

— реклама —

„Од она што јавно го слушнав сите политички партии се согласни со нашиот предлог односно мислат дека времето на т.н. техничка или Пржинска влада заврши. И јас очекувам во текот на утрешната седница нашиот предлог да биде ставен на Дневен ред и да биде разгледан и да биде усвоен. Ова е уште едно подавање рака од наша страна затоа што ние ова го нудиме од опозиција, а не од власт. Што мислам дека доволно кажува, затоа што механизмот техничка или Пржинска влада е во корист на опозицијата, а ние доброволно се откажуваме од овој механизам со цел да го скратиме рокот потребен за организирање на избори и од 100 дена колку што се предвидени во оваа техничка влада да одиме на уставните 45 дена за организација на избори, што ќе скрати многу рокови. И што е уште еден аргумент да одиме на брзи и предвремени избори затоа што Македонија непотребно троши време од локалните избори до формирањето на Влада Македонија изгуби повеќе од два ипол месеци, тоа е празен од. Извесно е дека ќе се случат парламентарни избори, само е прашање кога, да не го губиме времето да го направиме тоа веднаш за не заостанува државата“, додаде тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања