„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Сите предлози на граѓаните, кои требаше да го направат Скопје поубав град - одбиени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
predlozi

На вчерашната седница на советот на Град Скопје, 3-те најгласани предлози од платформата МојГрад беа одбиени од советот. Според гласовите од советниците (што рачно требаше да ги составуваме зошто истите нигде не ги ни објавуваат јавно), се гледа дека воглавном СДСМ и коалицијата гласа против а ВМРО ДПМНЕ и коалицијата гласаат воздржани, напиша на својот ФБ профил Горган Јовановски.

— реклама —

Јовановски во објавата додава:

Единственото образложение дадено од некои од членовите е дека градот веќе работел на темите. Ако градот работел, зошто граѓаните не гледаат резултати и ги поднесуваат и гласаат предлозите?

— реклама —

Вистинската цел зад овој начин на гласање е да се обесхрабрат граѓаните и да се поткопа идејата за директна демократија преку МојГрад. Но ефектот е спротивен! Со самото тоа што овие точки беа ставени на дневен ред, гласани, и одбиени со некое (за нас неприфатливо) образложение, МојГрад беше признат како вистинска платформа за гласот на граѓаните! Тоа е ОГРОМЕН УСПЕХ!

Што значи ова за МојГрад?

- Гласањето за предлози продолжува со нови 3 предлози за следната седница на советот на градот, ние нема да се откажеме од гласот на граѓаните!

- МојГрад нема да ги заборави овие предлози, тие ќе влезат во архивата на одбиени предлози кои нашата коалиција ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД ги поддржува (види точка 3).

- Бидејќи како коалиција на еко и граѓански организации, не се сложуваме со советот и нивното одбивање на овие предлози, многу брзо следи и нашиот следен чекор на темава (wait for it 😎)

--

пс. Времето за директна демократија е дојдено, без разлика дали тоа одговара на одредени групи или не. МојГрад веќе се докажа како платформа за граѓанскиот глас, а резултатите од истата ќе останат на плаформата и видливи на наредните локални избори.

Преку имањето статистика кој како има гласано, може граѓаните да знаат дали нивните претставници навистина го слушаат нивниот глас, или исклучиво следат одредена партиска политика.

Извор: ФБ Горјан Јовановски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања