ВО ЖИВО

Претрес на Јовановски: Kако им пресудија на 27 април, проституцијата во затвор, УЧК во 2001, МВР

Сите се сплотија со Амбла: „Прекрасна си“, „Ова е злосторство“, „Немој да бидеш родителот на децата што учат со Амбла“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
Screenshot-2022-02-03-at-13.57.09

Стотици сограѓани изразија поддршка за малата Амбла од Гостивар, која соучениците наместо да и помогнат бидејќи е дете со Даунов синдром, тие ја офрлиле, а нивните родители со петиција барале таа да не учи со нив. Освен поддршка, голем дел од статусите го осудуваат направениот чин кон Амбла и бараат одговорнсот. За нив, ништо не значи ниту тоа што од денес, девојчето повторно ќе слуша настава со нејзините соученици, бидејќи со тоа се испраќа порака дека секој може да го направи истото, а да не сноси одговорност.

— реклама —

„Немој никогаш да бидеш родителот на децата што учат со Амбла. За Амбла и за сите деца кои трпат тортура и дискриминација, не по своја вина. Еднаш кажав, ќе повторам. Ова не се деца со посебни потреби, со посебни потреби се родителите на здрави деца кои ги учат од најмали како да мразат. Амбла, прекрасна си“, напиша Миа Костова, позната македонска водителка

— реклама —

„Каква неправда! Па ова е злосторство. Оставка и отказ за директорот и за сите кои дале "мислење" дека Амбла треба да се изолира во посебна ладна и голема сала а и да ротира! Ова е така добар случај за сите надлежни органи, а бајаги ги има, соодветно да се казнат т.н. образовни кадри во ова училиште.. Срам да ви е! Нацисти“, напиша Мерсиха Смајловиќ.

— реклама —

„Необразовани родители одлучуваат да не ги испраќаат своите деца на училиште во ОУ. Братство- Гостивар за да ги образуваат, само затоа што нивните деца треба да учат во ист клас со нивната врсничка Амбла, дете со Даунов синдром. Амбла беше бојкотирана во првото полугодие. Истото го прават и сега. Сеа почнав да верувам дека овде стварано не прскаат со алуминиум жими се“, напиша Дејан Георгиевски Жапон.

„Децата учат од родителите. Родителите немало кој да ги научи, но не е доцна да разберат, да се прекине ланецот на дискриминација. За Амбла и за сите деца кои се соочуваат со дискриминација“, напиша Божидар Божиновски.

„Ова е Амбла. Амбла е прекрасна. Но необразованиот народ ги учи своите деца на омраза, дискриминација и злоба. Без да размислат дека мечката може да им заигра дома. Немој никогаш да бидеш родителот на децата што учат со Амбла. За Амбла и за сите деца кои трпат тортура и дискриминација, не по своја вина. Ова не се деца со посебни потреби, со посебни потреби се родителите на здрави деца кои ги учат од најмали како да мразат. Амбла, прекрасна си“, напиша Наташа Милошеска.

Инаку, Амбла Адеми не можеше да продолжи да следи настава заедно со нејзините другарчиња. Не дека не сакаше, туку родителите на другите ученици не сакаа таа да биде во ист клас со нивните деца, само затоа што Амбла малку е поинаква од другите, има еден хромозом повеќе, има Даунов синдром.

И покрај обидите на нејзините родители за таа да го продолжи школувањето со нејзините врсници, Амбла заврши сама во посебна училница, поради ултиматумот од страна на родителите на другите ученици до управата на училиштето.

Таткото на Амбла, Илир Адеми раскажува дека таа од септември имала образовен асистент но често требало да ги менува класовите и учителите, што е доста заморно за едно дете со посебни потреби.

„Беше кај салата за претстави, сама со асистентот. Родителите одржале состанок, каде што била присутна и жена ми и не се согласила таа да учи неколку часа таму, сама со асистент и само на часовите за вештини да биде во училница со нејзините врсници“, вели татко и.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања