По информацијата дека Хисни Исмаили ќе биде нов министер за култура ќе биде професор од Факултетот за медицина, на социјалните мрежи има бура од реакции.
„Сите сме за лечење. ,Логиката во одлучувањето за министрите за културата е сериозно болна. Болна е штетата што се прави со тоа што културата е постојана колатерална штета на коалициски математики. Болно е инсистирањето Министерството за култура да биде раководено од партија што очигледно нема соодветен кадар за тој ресор па градежници и доктори мораат да ускочат во овој фаличен надреализам. Болно е што наместо да се прегледаат политичарите што прават боранија од културата, доктор им се праќа на културните работници“, напиша активистката Ирена Штеријовска.