Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ситуацијата е критична: Итно да се врати напојувањето во нуклеарната централа Запорожје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
uploads_thumbs_resize_800x420_542322

Главниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека со Русија и Украина се разговара за предлози за враќање на надворешното електрично напојување во нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа.

— реклама —

Централата со шест реактори е под контрола на руските сили од првите недели на инвазијата. На 23 септември беше исклучена од надворешно напојување по десетти пат од почетокот на војната. Иако централата не произведува електрична енергија, горивото во реакторите се лади со помош на дизел-генератори за итни случаи.

— реклама —
— реклама —

Гроси нагласи дека враќањето на напојувањето е од клучно значење, додавајќи дека двете страни изразиле подготвеност да извршат неопходни поправки на своите делови од мрежата, но дека за тоа мора да се создадат услови техничарите да можат безбедно да работат.

— реклама —

Ситуацијата дополнително ја усложнуваат меѓусебните обвинувања. Рускиот претседател Владимир Путин ја предупреди Украина дека игра „опасна игра“ со нападите во близина на централата, додека украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха ја обвини Москва дека намерно ја прекинала врската со цел централата да ја приклучи на руската мрежа. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, изјави дека токму Русија стои зад нападот со кој било прекинато напојувањето во објектот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarysnmaa1rl2hgg7Xijxf1

Украина му зададе тежок удар на Путин со разурнувањето на Кримскиот мост

Свет | пред 23 часа

— реклама —
media-librarysith7ierrfmn68Wt5XU

Украина исчисти над 230.000 хектари од мини, неутрализирани повеќе од 260.000 експлозивни направи

Свет | пред 1 ден

media-libraryh2aohabuoto18k0oXtb

Русија и Украина разменија нови воздушни напади, најмалку 16 лица се повредени

Свет | пред 6 дена

media-libraryfa87nutg2i1s4i0Tip1

(Видео) Украински дронови погодија енергетска инфраструктура и петрохемиски капацитети во Русија

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања