Промени тема
Контакт

Шизофрена ситуација - ДУИ зборуваат за европски вредности, а величаат комунистички диктатор кој ја направил Албанија најзатворена и најсиромашна во Европа, посочи опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
dui-ali-ahmeti-rodenden

„За лажните европски вредности во ДУИ говори величењето на албанскиот диктатор Енвер Хоџа. Големите демократи од ДУИ го воспеваат комунистичкиот диктатор и жалат за неговото време. Дека ДУИ обожаваат автократи покажува и фактот што ја одликувале сопругата на Енвер Хоџа на манифестацијата „Јануарски пламен“ во 2014 година“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Да потсетиме дека Енвер Хоџа беше ориентиран кон Кина и СССР, а не кон западните земји. Тој ги држеше Албанците во Албанија во изолација. Со ова всушност ДУИ оди против Албанците и демократските вредности за кои се декларира. Очигледно за ДУИ е најважен криминалот со тендери и ним не им е грижа за било чии права.

— реклама —
— реклама —

Малку е шизофрена ситуацијата, партијата која зборува за Европа да воспева еден комунистички диктатор кој што Албанија ја направил најзатворената и најсиромашната држава во Европа. Очигледно за ДУИ и Ахмети е нормално да се глорифицира некој кој илјадници Албанци затворал и малтретирал во време на неговото владеење.

— реклама —

Ако тоа е нормално, тогаш ДУИ немаат веќе легитимитет да зборуваат за европски вредности. Ако не е нормално тогаш треба да се оградат од настапите на нивниот лидер“, додаваат тие.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања