„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

СЈО: Четворица судии работеле по политички нарачки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Специјалното јавно обвинителсто во Посебниот извештај што го објави денеска наведува дека поранешната претседателка, а сега член на Судскиот совет, Александра Зафировска, претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, судијката во Вишиот управен суд, Светлана Костова и судијката од скопскиот Кривичен суд, Софија Лаличиќ постапувале несоодветно по директни политички нарачки, што е утврдено врз основа на прислушуваните разговори и смс-комуникаците што ги поседува Обвинителството.

— реклама —

– Неовластените прислушувања резимирани во овој извештај покажуваат интеракции помеѓу високи функционери во судството и членови на Владата на Република Македонија кои во основа ја поткопуваат судската власт. Неовластените прислушувања откриваат разговори во кои членовите на судството се откажуваат од својата независност и непристрасност за да ги унапредат интересите на владата или нивните сопствени интереси. Таквата комуникација несомнено дека остава простор за создавање на недоверба кај јавноста во целиот судски систем, стои во Посебниот извештај на СЈО.

Целта на поднесувањето на Посебниот извештај, како што велат од СЈО, не е единствено за да се документира минато несоодветно постапување, туку за ваквото несоодветно постапување да не продолжи да го поткопува владеењето на правото во Република Македонија и да ја попречува евроатланската интеграција на нашата земја.

— реклама —

–  Од доказите со кои располага СЈО, особено телефонските разговори на Александра Зафировска, во периодот од 2011 година до 2013 година, а од кои дел беа и јавно објавени, произлегува дека додека ја вршела функцијата претседател на Судски совет на Република Македонија, била во постојана координација со извршната власт… Тогашниот претседател на Судскиот совет на Република Македонија, премиерот на Владата на Република Македонија, министерот за правда, министерот за внатрешни работи и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање одлучувале за избор на „подобни“ судии и разрешување на „неподобни“ судии, стручните соработници ги бирале според партиски списоци, ја менаџирале работата, интервенирале во судски постапки, се наведува во Посебниот извештај.

СЈО  во извештајот го посочува и претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, кој во 2011 и 2012 година во повеќе наврати на своите соговорници им изнсувал информации од судските постапки, интервенирал кај други судии за предметите и давал сугестии за постапувањето.

На судијката Софија Лаличиќ пак, како што е посочено во извештајот, повеќе од една година пред да биде избрана за судија и била ветена судиската функција.

–  Содржината на јавно објавениот телефонски разговор меѓу Софија Лаличиќ и Сашо Мијалков, тогашен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, кој во таа прилика и соопштува дека е избрана за судија претставува само илустрација на спрегата меѓу извршната и судската власт. Нејзните конекции со извршната власт не завршуваат со изборот за судија, туку напротив уште повеќе се интензивираат во насока која претставува флагрантна повреда на независноста на судството и злоупотреба на угледот на судиската функција… За судија Лаличиќ судиската функција значела сѐ освен тоа што е нејзиното вистинско значење – привилегија да се служи на заедницата преку улогата на делење на правдата согласно законите и еднаквоста на сите граѓани вклучително и себе си пред Уставот и законите во Република Македонија, се наведува во Посебниот извештај.

Судијката Светлана Костова за која се наведува во извештајот дека паралелно извршувала работни задачи и како судија и во Управата за безбедност и контраразузнавање, со што според СЈО се доведува во прашање нејзиниот личен интегритет, но и институционалната независност на судиската функција.

– Телефонски комуникации остварени од страна на судија Светлана Костова во месец септември и октомври 2011 година, односно два до три месеци по нејзиното стапување на функцијата судија на Виш управен суд, покажуваат дека таа продолжила активно да учествува во дневните обврски на Управата за безбедност и контраразузнавање околу организирање и посредување при состаноци и превземање на други работни задачи кои спаѓаат во делокругот на секојдневното работење на УБК, стои во извештајот.

Посебниот извештај СЈО го доставило до Собранието на Република Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања