„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

СЈО: Латас бил свесен за кривичното дело, градел куќи во Зелениково без одобренија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

latas

Oбвинетите Драган, Срѓан и Звездан Павловиќ ги извршиле кривичните дела за кои се обвинуваат со умисла, бидејќи биле свесни дека ги градат куќите во Зелениково без одобренија за градење, но сепак продолжиле со градење на истите, рече обвинителката Елизабета Јосифовска на денешните завршни зборови за случајот „Тревник“.

— реклама —

„Свесно, во барањата за одобренија за градење кои ги поднеле до општина Зелениково на 12.12.2012 година го прикриле фактот дека куќите, за кои барале одобренија за градење, се веќе изградени. Формално правно добиле одобренија за градење на нови објекти, според кои требало да започнат со градба на објектите во рок од две години по правосилноста на издадените одобренија за градење. Според изведените докази, во времето на издавањето на овие одобренија, 24.01.2013 година, куќите биле веќе изградени“, рече Јосифовска.

Одбраната во текот на постапката повеќе пати потенцираше дека во државата постојат голем број бесправно изградени објекти за кои не се поведени кривични постапки. На ова обвинителката изјави дека во никој случај тоа не може да биде основ за неказнување на обвинетите во овој случај ниту пак да биде оправдување за нивното постапување.

— реклама —

Драган Павловиќ Латас, Срѓан Павловиќ и Звездан Павловиќ, се обвинети за бесправно градење. Според обвинението на Специјалното јавно обвинителство, обвинетиот Латас со правното лице Диз Оил Групација Скопје, како изведувач, во текот на месеците мај и јуни 2011 година склучил три договори за изведување на градежно занатски работи на објект во Зелениково.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања