„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

СКАНДАЛ: Владата си ги зголемува платите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
idioti-2

Вицепремиерите во Владата си ги покачуваат платите и за тоа испратиле предлог закон до Собранието. Непознато е за колку проценти ќе си ги зголемат платите. Во продолжение текстот на законот:

— реклама —

 

I.ОЦЕНКА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ

— реклама —

Со Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија  („Службен весник на СРМ“ број  36/1990 и 38/1991 и „Службен весник на Република Македонија“ број. 23/1997, 37/2005, 84/2005, 121/2007, 161/2008, 92/2009, 42/2010, 97/2010, 162/2010, 11/2012, 145/2012, 170/2013 и 139/2014) се уредува платата и другите надоместоци на избрани и именувани лица во Републиката.

Со Законот исто така е уредено дека право на плата во месечен износ за вршење на функцијата имаат претседателот на Република Македонија, функционерите избрани од редот на пратениците, функционерите и лицата кои ги избира или кои ги именува Собранието, функционерите кои ги именува претседателот на Република Македонија и кои ги именува Владата на Република Македонија и  раководните работници кои ги назначува претседателот на Република Македонија или телото што тој ќе го овласти, надлежното тело на Собранието и Владата.

Со измените на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, со членот 1 се врши измена на членот 27 став 1 точка  2) и се намалува надоместокот за користење на автомобили во лична сопственост за службени цели.

Предложеното законско решение уредува  дека наместо досега утврдените до 30 проценти по изминат километар од продажната цена на еден литар гориво за возилото кое се користи, се предвидува надоместок до 20 проценти по изминат километар од продажната цена на еден литар гориво за возилото кое се користи.

Потребата од донесување на ова законско решение се наметнува од  негативниот економски тренд во светски рамки со што последиците кои ќе произлезат од него ќе предизвикаат заштеда во Буџетот на Република Македонија.

 

ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА

Законот се заснова на истите начела на кои се заснова основниот текст.

Целта поради која се предлага овој закон е намалување на  трошоците од буџетот на Република Македонија со цел  да се обезбедат одредени заштеди.

Бидејќи предметната измена на законот е регулатива која е  уредена пред една деценија, неопходни се измени на позитивните законски прописи со кои се регулира висината на надоместокот на патните трошоци кои им се исплаќаат на избрани и именувани функционери, кои што живеат надвор од Скопје.

Имено, потребата од предложените измени е во насока на намалување на трошоците од државниот буџет, постигнување на одредени заштеди на буџетските финансиски средства и спречување на евентуални злоупотреби во трошењето на народните пари, а имајќи го во предвид  фактот  дека јавниот меѓуградски превоз – автобуски и железнички, во сегашните услови не  би ги задоволил и исполнил реалните барања и потреби на избрани и именувани функционери, што всушност преставува  причина поради која избрани функционери ги користат сопствените возила за службени цели.

И покрај намалувањето на висината на надоместокот, избрани и именувани лица сепак ќе добиваат адекватен надоместок за трошоците и за амортизацијата на возилата, кој што е неопходен за да може ефикасно и навремено да ја извршуваат сопствената функција.

Од горенаведеното произлегува и потребата за измена на постоечкото законско решение, кое што ќе обезбеди заштеда во Буџетот на Република Македонија, но и ќе овозможи непречено функционирање на избраните и именуваните функционери кои живеат надвор од Скопје.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања