Скандал во АРМ открил пратеник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
armija-bugarija

Славјанка Петровска по стапките на Радмила Шекеринска упатува персонал во мисии надвор од Република Македонија без да се почитуваат основните услови, а тоа е кандидатите да поседуваат НАТО безбедносни сертификати. На мисии се праќаат офицери без да ги исполнуваат потребните услови, само ако се во врска со политичкиот врв, вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Според наши информации земјава има случај на сериозен безбедносен пропуст кога е вратен висок офицер на АРМ од мисијата КФОР во Косово. Имено постојат индиции дека службите имале одредени информации дека офицерот не ги задоволува критериумите, сепак по одредено политичко влијание од поранешни политичари со потекло од истото село од кое потекнува и тој, село Муртино, струмичко, офицерот без безбедносен сертификат заминал на мисија.

Ова не е првпат да се направи ваков безбедносен пропуст, потсетуваме дека слична ваква ситуација имаше и во мисијата ИСАФ во Авганистан, кога беа упатувани лица без безбедносни сертификати, кои не можеа да обавуваат никакви дејности, дури и не можеа да се движат слободно низ базите.

— реклама —

Во најновиот скандал, после поминати пет месеци во мисија, офицерот по налог на НАТО беше приморан да се врати предвреме, но се поставува прашање кој ќе ја преземе одговорноста за направена штета на буџетот во висина од 50.000 евра по основ на плати, логистички трошоци и административни трошоци?

Без поседување на сертификат, нашиот офицер во базата во Косово не можел да извршува никакви задачи, тоа значи дека пет месеци само спортувал и одмарал без да има пристап до било какви информации и активности.

Дали некој од одговорните лица во министерството за одбрана и од Воената служба за безбедност и разузнавање ќе сноси одговорност за ваквите безбедносни инциденти, како и одговорност за нанесената штета на буџетот“, додаде тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања