Промени тема
Контакт

(Фото) Скандал во Хрватска: Докторка од итна помош снимена како шмрка кокаин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
doktor

Хрватските медиуми објавија шокантна приказна за докторка од Итна помош, за која прво добиле информација, а потоа и фотографии на кои се гледа како шмрка кокаин, пишува порталот Dnevnik.hr.

Потврда на оваа приказна пристигнала од неколку извори. Станува збор за докторка која минатата година предизвикала хаос на поранешното работно место, кога повикала колеги во Итна помош за интервенција која се покажала дека не постои. За тоа никогаш не одговарала.

Нејзиниот надреден сега ќе спроведе истрага за информациите дека користи кокаин.

— реклама —

Пораките и фотографиите на кои се гледа дека докторката користи кокаин, порталот Provereno ги добил почетокот на февруари.

— реклама —

Пријава дека 36-годишната докторка од Итна помош работи под влијание на опијати добиле и нејзините надредени во Заводот за Итна медицина на Загребската жупанија. Кога Provereno се обидел да стапи во контакт со неа, таа побарала годишен одмор, а тестирања од страна на специјалисти за медицина на трудот сè уште не ѝ биле направени.

„Денес таа е на двонеделен годишен одмор, меѓутоа кога ќе се врати, односно пред почетокот на продолжување на работата, таа ќе биде упатена на вонреден лекарски преглед“, кој треба да ја утврди нејзината способност за работа, објаснува директорот на жупанискиот Завод за Итна медицина, Даворин Гајник.

— реклама —

Сликите можете да ги погледнете тука.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6974n780qb4453Fseyl

(Видео) Нови снимки од Брач: Големиот пожар зад себе остави пустош

Свет | пред 21 час

— реклама —
media-librarymqpki57cnd7b21Txuyk

(Видео) Драматична ноќ на Брач: Речиси 700 луѓе евакуирани со бродови поради големиот пожар

Свет | пред 1 ден

media-library7el4iq7vjg6nb4IYfly

(Видео) Драматични сцени од Хрватска: Силниот ветер го разгоре пожарот на Брач

Балкан | пред 1 ден

media-library2u7jutn1263sedIZYjK

(Видео) Без возач и без оператор во кабината: Роботаксија од денес на улиците во Загреб

Настани | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања