Промени тема
Контакт

Скандалот со прислушкувањето е многу сериозен и се граничи со државен удар, вели Стојаноски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
prislusuvanje-kabli-35wp78d14y6aljmbcsszr4

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, во гостувањето во телевизиско гостување изјави дека аферата со прислушкувањето на политичари, новинари и бизнисмени претставува еден од најсериозните скандали во земјата и „се граничи со државен удар“.

„Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање во периодот од пет години, меѓу 2019 и 2024, злоупотребувале државни ресурси за оперативно следење и обработка на лидерот на опозицијата, на новинари, на медиуми и на бизнисмени. Ако тоа се прави без дозвола од обвинителството, тогаш тоа не е само скандал туку и државен удар“, изјави Стојаноски.

— реклама —
— реклама —

Тој додаде дека Јавното обвинителство одбива да даде информации дали ќе отвори предмет и побара одговорност за сите кои учествувале во, како што го нарече, „злоупотреба на ресурсите на државниот систем“.

— реклама —

„Треба да се одговори на неколку клучни прашања – кој ја дал наредбата за следење, зошто токму тие лица биле избрани, каде завршувале информациите и која била целта на наредбодавачот. Ова е еден од најсериозните скандали во режија на разузнавачките служби во државата“, потенцираше Стојаноски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymtjl29n7nlog71ADFgz

АНБ за случајот со синагогата: Разбиена радикална групација поврзана со „Исламска држава“

Скопје | пред 4 месеци

— реклама —
media-libraryt83ec6udbqva1QkHzKC

По проценката на АНБ, Груби не е безбеден ниту дома, ама обвинителот сепак го прати во куќен притвор

Македонија | пред 6 месеци

hristovski

АНБ работи со засилени оперативни капацитети кои довеле до отворање на предмети за висока корупција, објави Христовски

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-09-10-143507

Петровска до АНБ : Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања