Промени тема
Контакт

​​​​Скандалозни назначувања во Академијата за судии и јавни обвинители, алармира Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_5188

„Последните скандалозни и нетранспарентни назначувања во Академијата за судии и јавни обвинители ја доцементираат довербата од 2% во правосудството!

— реклама —

Согласно членот 9 од Законот за Академија за судии и јавни обвинители, во Управниот одбор на Академијата, двајца члена се назначуваат од страна на Судскиот совет од редот на судиите, како и двајца членови кои се назначуваат од редот на јавните обвинители од страна на Советот на јавните обвинители“, велат од Левица и додаваат:

— реклама —

Меѓутоа, наместо судии и јавни обивнители, деновиве Судскиот совет и Советот на јавните обвинители за членови на Управниот одбор на Академијата скандалозно назначија луѓе од сопствените редови. Ова претставува сериозно законско прекршување и ЗЛОУПОТРЕБА на службената положба од страна на членовите на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, со оглед дека на истите во моментот на извршувањето на нивните функции во Советите им мируваат судиските и обвинителските функции, поради што немаат право да бидат членови и на Управниот одбор на Академијата.

Дополнително, назначувањето се извршени и на крајно нетранспарентен начин, без образложение за ваквото незаконско постапување. Без каков било процес за изразување на интерес на судии и јавни обвинители, јавно презентирање на програми на кандидати итн., назначувањето на членови на Управниот одбор на Академијата било извршено на седница на Советот на јавните обвинители која траела само 11 минути, додека пак Судскиот совет назначувањето го извршило на таинствен начин под точката „разно“.

— реклама —

Партиите на власт повеќе од три децении го узурпираат правосудството преку раководни лица во правосудството кои се верни на партиско-бизнис интересите на елитистичките партии кои криминално владејат со Македонија 33 години. Оваа контрола над правосудните органи партиите особено ја остваруваат преку Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, во чиј состав за жал претежно се поставуваат луѓе блиски до власта и партиски и бизнис интереси.

— реклама —

Левица ја повикува Државната комисија за спречување на судир на интереси и корупција да реагира на ваквото скандалозно постапување на овие органи, кои се најголеми виновници за очајната состојба во правосудството и ниската доверба на граѓаните од 2%. Потсетуваме, дека годишниот извештај на Европската комисија, ги потврди ставовите на Левица по однос на судството, и констатираше дека државата нема никаков напредок во оваа сфера.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања