Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Скопјанец фатен со пиштол за кој немал дозвола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
2

На 28.01.2022 СВР Скопје - Единица за недозволена трговија, поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје против Б.Ј.(44), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

— реклама —

Имено, на 24.01.2022 од страна на полициски службеници од СВР Скопје - Одделение за криминалистички работи во содејство со полициски службеници од Полициската станица Аеродром, врз основа на судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес на дом и други простории кај Б.Ј. на подрачјето на Аеродром, при што биле пронајдени еден пиштол „Ceska Zbrojovka75“ кал.9mm, две рамки и 12 куршуми, од кои 11 со кал. 9mm и еден куршум со кал.7,62х25мм за кои не поседувал дозвола. Пријавениот бил лишен од слобода, а против него е поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања