„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Скопјанец обвинува дека полицијата не сака да ја расветли кражбата на неговиот автомобил

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
policija-krazba

Три часот по полноќ – филмското сценарио напишано под режисерка палка на вработен во МВР. Колата паркирана – камерата снима. Осомничениот Крадец го лоцирал точното место и време за реализација на својата идеја. Почнува реализацијата на сериското сценарио. Ова на снимката е човек кој влегува во колата, ја пали и заминува во непознат правец. Колата ја нема - оштетениот заглавен во лавиринтите на парвдата, објави Телевизија 24.

— реклама —

Ова е Адем Имери жител од населбата Чаир кој пред неколку месеци решил да купи кола. Понудувачот на бизнисот како што тврди Имери е полицаец од Прилеп кој се понудил да му продаде кола марка Мерцедес за сума од 17 илјади евра. Полицаецот според Имери имал и бугарско државјанство и решил договорот за купопродажба да го направат во Бугарија. Имери се согласил, таму потпишале договор му платил на продавачот и се вратиле назад во Македонија. По два дена откако Адем Имери станува сопственик на колата се случил грабежот.

„Има камери на државните граници каде поминувам јас, еден друга мој и колега полицаец, сме отишле заедно и сме се вратиле. Го направивме договорот, после два дена, на 18ти е склучен, а на 20ти е украдена колата од истиот човек од кој сум ја купил.“ - вели Адем Имери.

— реклама —

Целиот случај како што тврди Имери станал поконтроверзен. Пријавил во МВР па се соочил со ОЈО. Разрешнива вели и по 7 месеци нема. Покрај тоа што платил 17 илјади евра за колата, човекот кој што ја земал колата со себе однел и 2 илјади евра, лична документација, негова, на синот и снаата, како и банкарска картичка. Имери тврди дека се до денеска останал како оштетен и заглавен во обидот да ја најде правдата.

„Лилни карти, дозвола, картичка од банка и пари 2000 евра со сите тие лични карти и паричникот и парите.“ - вели Имери.

Од МВР велат, запознати се со случајот и дека се преземени соодветни мерки за расчистување на настанот. Од таму констатирале дека во конкретниот случај постојат елементи на сторено кривичното дело „Самовластие“ предвидено со КЗ за кое гонењето се превзема по приватна тужба.

„Бидејќи во текот на проверките е обезбедена документација за возилото за која постои сомнение дека е истата е со фалсификувани содржина за констатираната состојба доставено е писмено известување до ОЈО Скопје со прилог на целокупната службена документација за запознавање и понатамошно постапување.“ - велат од МВР.

Од ОЈО не добивме одговор до каде е постапката за случајот. Но оштетениот Адем Имери го добил одговорот со решение во кое се наведува дека „ кривичната пријава поднесена од страна на МВР против лицето А.Ѓ од Прилеп е отфрлена. Имери вели дека сега ќе тужи вработени во ПЦ Битпазар бидејќи смета дека го штитат полицаецот од Прилеп кој му ја продал колата па си ја земал назад. Оштетениот како што вели, во случајот Адем Имери, доколку не биде обештетен ќе постави шатори пред МВР се додека не ја добие правдата. Се до тогаш остануваат снимките да сведочат за настанот кој што се случил во доцните часови, а според кои филмското сценарио е успешно реализирано.

извор: Телевизија 24

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања