Промени тема
Контакт

Скопјанец поради љубомора на натепал поранешната девојка удирајќи ја по глава и тело, па ја исфрлил од кола туркајќи ја меѓу столбчиња

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Скопје
media-librarynfa4uqf4ail253FCePW

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело телесна повреда, согласно член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според обвинителството, осомничениот на 4 јануари, во испад на љубомора, најпрво вербално ја навредувал, а потоа и телесно ја нападнал својата поранешна партнерка. Тој ја удирал повеќепати по главата и телото, по што насилно ја исфрлил од својот автомобил, туркајќи ја на бетонот помеѓу столбчињата поставени на коловозната лента.

— реклама —

Настанот бил пријавен во полиција од случаен минувач, кој сведочел на инцидентот. Оштетената била пренесена во здравствена установа, каде ѝ била укажана лекарска помош.

— реклама —

Со цел заштита на жртвата, јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка на претпазливост – забрана за приближување и воспоставување каков било контакт со оштетената за време на траењето на постапката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

semejno-nasilstvo

Сопруг ја претепал сопругата, таа претходно нападнала вработена во Охрид

Македонија | пред 4 седмици

media-library9rp5mfm93lu2eviHL9i

Родителите на деца што вршат врсничко насилство ќе плаќаат парични казни, вели Јаневска

Македонија | пред 1 месец

media-libraryr42uqsjq5u3c99DNars

Родител влегол во училишен двор и нападнал дете по расправија меѓу ученици: го удирал со шлаканици и тупаници

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryde5fptrt9iv26UVJsHt

Ја киднапирал и ја претепал девојката по матурска прослава: се бара притвор за 40-годишен битолчанец

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања