Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Скопјани не забораваат дека ВМРО-ДПМНЕ 27 години го уништуваше Скопје, реагира СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
sdsm

„Се поголем е стравот во Белата палата од силниот пораз во Скопје и убедливата победа на Петре Шилегов, јасно им е и во ВМРО-ДПМНЕ дека скопјани не забораваат дека токму оваа партија 27 години го уништуваше Скопје, а сега нема никаква понуда, концепт, ниту идеја за градот“, се вели во соопштението на СДСМ.

Во него се додава:

„Истата таа партија да ги задоволи своите криминални апетити преку проектот Скопје 2014 потроши стотици милиони евра, пари на граѓаните кои немилосрдно се трошеа на лажен барок, споменици и стиропор.

— реклама —

Децениските криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ, придонесоа за системско уништување на зеленилото и животната средина, а со негрижата за животната средина предизвикаа енормно загадување.

— реклама —

За разлика од нив, Петре Шилегов со сериозен меѓуинституционален пристап успеа да ги реши сите проблеми настанати во времето на режимот.

Шилегов ја има најдобрата понуда и за овие избори. Зад него се реални реализирани проекти кои веќе им служат на граѓаните. Тој не нуди лажни и неостварливи проекти како Данела Арсовска со цел да манипулира и да создаде конфузија.

— реклама —

Граѓаните на Скопје на 17 октомври масовно ќе застанат зад концептот на Петре Шилегов и ќе го одберат најдоброто за својот град“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања