Промени тема
Контакт

Скопјани револтирани од јавниот превоз: Автобуси нема, а оние што доаѓаат се преполни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Скопје
media-librarynm6fihfidd9k8fw2jaK
Скопје1.мк

Скопјани и утрово се соочија со проблеми во јавниот градски превоз, со долго чекање на автобуските постојки и преполни возила. Според реакциите на граѓаните, приватните превозници повторно сообраќале нередовно, додека автобусите на ЈСП доцнеле или пристигнувале исполнети до последното место.

— реклама —

На линијата број 23, патници тврдат дека чекале повеќе од еден час без да пристигне автобус. Проблеми имало и кај Железничката станица, каде што автобусите на линиите 5, 15А и 27 биле толку преполни што дел од патниците не можеле да се качат.

— реклама —

Реакции имало и од жителите на Волково. Според објави во локалните групи на социјалните мрежи, приватните превозници утрово речиси и не сообраќале. Еден жител посочил дека чекале автобус од 6:15 часот, а првиот автобус на ЈСП од Средсело кон Лепенец заминал околу 6:47 часот.

— реклама —

Проблемите со јавниот превоз во Скопје се повторуваат со години, во услови на спорови меѓу Град Скопје, ЈСП и приватните превозници. Во јуни 2025 година приватните превозници штрајкуваа два дена поради неисплатен долг од над 150 милиони денари, а во октомври истата година го скратија возниот ред поради нов спор околу долг од 90 милиони денари. Во февруари 2026 година, прекин во сообраќајот имаше и поради дефект на опремата за следење и валидаторите во автобусите.

Граѓаните повторно бараат надлежните институции да најдат трајно решение, бидејќи нередовните линии, доцнењата и метежот на постојките им го отежнуваат секојдневното движење низ главниот град.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb9aavco86lph6hVira3

(Видео) Сака автобусот да му биде беспрекорно чист, па возачот лично им ги чисти обувките на патниците

Вирално | пред 3 дена

— реклама —
media-library0hlote02eapc3Keyqzt

„Авто Атом“ престана со работа: Кочани остана без единствениот меѓуградски превозник

Македонија | пред 4 седмици

media-library6av53lqj8nh76slIP1V

Скопје се подготвува за новите електрични автобуси: Полначите ќе бидат на три локации

Скопје | пред 4 седмици

media-librarysl4dfk8ri8716HAFtFf

(Видео) Почна тестирањето на специјалниот А350 што ќе ги поврзе Австралија, Европа и Америка без застанување

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања