Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Сè помалку патници во автобусите – најголем пад кај градскиот превоз

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryeecn04ot88l30fx0kMN
unsplash

Бројот на превезени патници во патниот превоз во Македонија бележи пад од 8,4 отсто во третото тримесечје од 2026 година, во споредба со истиот период минатата година. Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јули – септември биле превезени вкупно 8.091.000 патници.

— реклама —

Најголемо намалување е забележано во градскиот превоз, каде што бројот на превезени патници е помал за 12,1 отсто. Во приградскиот превоз е регистриран пад од 5,7 отсто, додека во меѓуградскиот превоз намалувањето изнесува 0,5 отсто. Пад од 0,8 отсто е забележан и кај меѓународниот патен превоз.

— реклама —

Намалување е регистрирано и кај вкупниот број остварени патнички километри. Во третото тримесечје од 2026 година тие изнесувале 287.787.000, што претставува пад од 1,5 отсто во споредба со истиот период од 2025 година.

Според видовите превоз, патничките километри во градскиот превоз се намалени за 7,6 отсто, додека во меѓународниот превоз падот изнесува 2,4 отсто.

— реклама —

Од друга страна, позитивни движења се забележани кај приградскиот и меѓуградскиот превоз. Во приградскиот превоз патничките километри се зголемени за 4 отсто, а во меѓуградскиот за 0,1 отсто.

— реклама —

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во третото тримесечје од годината е забележан пад на бројот на превезени патници во сите категории на патен превоз, при што најизразено е намалувањето во градскиот сообраќај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6u30b73chpr4526Y19W

(Видео) Насред Рекорд се фати за задниот дел од автобусот, каде што е и моторот, и се возеше низ центарот на Скопје

Скопје | пред 3 седмици

— реклама —
media-libraryqgd3ordn3lub9XdyHYj

(Видео) Автобус на ЈСП почна да чади во Чаир

Скопје | пред 3 седмици

media-librarynm6fihfidd9k8fw2jaK

Скопјани револтирани од јавниот превоз: Автобуси нема, а оние што доаѓаат се преполни

Скопје | пред 1 месец

media-libraryb9aavco86lph6hVira3

(Видео) Сака автобусот да му биде беспрекорно чист, па возачот лично им ги чисти обувките на патниците

Вирално | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања