„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

„Скопје - Чернобил“ - Дрисла ги отру граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
skopje

Жителите на Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода, Пинтија и Драчево синоќа повторно дишеа чад и мирис на изгорена пластика. На социјалните мрежи споделуваа фотографии од апликации за мерење на загаденоста, каде параметрите покажуваа високи нивоа на штетни честички.

„Дрисла секоја вечер... Пола планини изгореа, депониите горат, а скопјани се борат за воздух“, напиша една скопјанка, додавајќи дека изгледа како властите да живеат во друга реалност.

— реклама —

— реклама —

Други пак се пожалија дека „постојано гасат пожари со граници, буквално за сè“, барајќи армијата и полицијата да бидат постојано ангажирани за заштита на здравјето и безбедноста. „Нè гушат секој ден, а ние плаќаме за тоа. Најдете ги виновниците!“, Пишува на социјалните мрежи.

— реклама —

Револт предизвика и појавата на чад од Дрисла откако веќе со денови гори Вардариште. „Малку беше Вардариште, па и Дрисла почна да гори! И тоа случајно?! Итно обезбедување на депониите со полиција и камери!“, апелираше граѓанка, додавајќи дека ако институциите не реагираат, жителите сами ќе се организираат.

Некои коментари отидоа и подалеку: „Чернобил, реактор 4 во 1986 – Скопје, депонија Дрисла 2025. Ист ефект, друга ера“, стои во една објава.

Во меѓувреме, премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека според мерењата, нема алармантно зголемени параметри на штетни честички. „Тоа е визуелно така, но кога се испитувани параметрите, не се така алармантни. Лошо е да се прави тоа, и има причина зошто се прави. Кому му одговара ова сега? Кога ќе дадете одговор на тоа прашање, ќе знаете кој и зошто го прави“, рече премиерот.

И додека Владата повикува на смиреност, скопјани се чувствуваат оставени сами да се борат за здив чист воздух.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања