Скопје е пред крстопат, велат од Зелен Хуман град, потенцирајќи дека ГУП не смејат да носат корумпирани политичари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
ana-petrovska-4

На заедничка прес-конференција со независната кандидатка за градоначалничка, Ана Петровска, носителката на листата, Драгана Велковска, рече дека Скопје е пред крстопат бидејќи во претстојниот мандат ќе се нови новиот Генерално урбанистички план (ГУП).

— реклама —

-Скопје е пред крстопат, со носењето на Генералниот урбанистички план (ГУП) во претстојниот мандат ние ќе знаеме дали ќе имаме или ќе немаме град и тоа не смее да се носи во раце на корумпирани политичари, во раце на луѓе кои досега докажаа дека немаат интерес да го штитат јавниот интерес. Затоа мораме во Советот да внесеме што повеќе луѓе кои со својот минат, долгогодишен активизам, во најголем дел волонтерски, докажале дека тие се всушност единствените кои се грижат за доброто на овој град и на скопјани. Не може таквите луѓе да останат надвор од институциите. Ние досега бевме институции во сенка, им ја вршевме работата на оние кои ги бираа клиентелистички, на оние кои добиваа места во советите и во институциите преку гласови кои беа уценувани и тоа мора да прекине, изјави Велковска.

— реклама —

Таа побара поддршка од скопјани за, како што рече, да се излезе од 30-годишното малтретирање и независни луѓе кои не се диригирани од центрите да моќ да можат да работат за заедничко добро.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања