Промени тема
Контакт

Скопје е во хаос и пред банкрот, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска не знаат што да прават со мостот „Беласица“, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
20230515231324

Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Данела Арсовска го доведе Град Скопје пред банкрот, со блокирана сметка, со нефункционални јавни претпријатија, а граѓаните се соочуваат со досега невиден сообраќаен хаос, вели СДСМ

— реклама —

„По пожарот на мостот „Беласица“, сообраќајот во половина од градот, се одвива отежнато само преку еден мост, а граѓаните од Аеродром, Бутел, Гази Баба и Чаир патуваат со часови од и до своите работни места.

— реклама —

Градската власт на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска не знаат што да прават со мостот, молчат и не кажуваат дали и што ќе преземат за санација на еден од клучните мостови во градот, по кој минува една од главните сообраќајни артерии на градот.

Ако не беше инаетот на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, ако го довршеа мостот на булевар АСНОМ, сега граѓаните од тој дел од градот ќе имаа соодветна алтернатива, сообраќајот немаше да биде парализиран.

— реклама —

Поради нивната неспособност и јавниот превоз во градот е во колапс, што дополнително го зголемува сообраќајниот метеж.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ и нивната градска власт се најголемо разочарување за граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања