„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Скопје и Софија ја разгледуваат можноста за заедничко чествување и на Гоце Делчев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Goce_Delčev_spomenik_u_Skoplju

На дводневната петта средба на Заедничката комисија за историски и образовни прашања помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, што се одржа во Софија, била разгледана можноста за заедничко чествување и на Гоце Делчев.

— реклама —

На средбата што на 10 и 11-ти овој месец се одржа во Софија, биле разгледани неколку прашања од интерес на работата на Комисијата во согласност со Договорот за добрососедски односи помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, објави МИА.

-На средбата Комисијата ги разгледуваше меѓусебно разменетите забелешки за бугарските учебници по историја за 5 клас и македонските учебници по историја за 6 одделение, односно за периодот на антиката. Притоа, Комисијата водеше дискусија во однос на одредени делови кои можат да се подобрат. Во однос на ова прашање комисијата дополнително ќе достави предлог со конкретни препораки до соодветните влади и министерства. Исто така, на средбата беше започната дебата за значењата на Гоце Делчев во двете држави и околу можностите за заедничко чествување на Гоце Делчев. Дискусијата по ова прашање ќе продолжи на следните средби, соопшти Македонскиот тим при Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија.

— реклама —

На претходните средби, заедничката Комисија постигна согласност за препорака до владите на двете држави за заедничко чествување на Св. Кирил и Методиј, Св. Климент Охридски, Св. Наум, Цар Самоил и Григор Прличев.

 

Извор: МИА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања