Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје ќе добие најголема пешачка зона во Европа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
1-6

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов го претстави планот за затворање на Малиот Ринг во Скопје, со што ќе се добие најголемата пешачка зона во Европа.

Со затворање на улицата 11 Октомври, односно Димитрија Чуповски (од Собрание до Палома Бјанка) се добиваат 71 хектар, или 730.000 метри квадратни зона во којашто автомобилите нема да бидат присутни.

— реклама —

„На овој потег од улицата ќе биде овозможено движење исклучиво за автобусите на БРТ системот. Со тоа се овозможува непречено движење на пешаците од Стара Железничка се до крајот на Бит Пазар и од Собрание до крстосницата кај Палома Бјанка“, изјави Шилегов.

— реклама —

Најголемите пешачки зони во Европа до сега се во Гент (Белгија) и Портеведра (Шпанија) и зафаќаат површина од околу 50 хектари. И Барселона во Шпанија неодамна ја презентираше својата намера да затвори дел од центарот на градот со цел да направи пешачка зона од речиси 33.5 хектари.

— реклама —

Град Скопје го ослободува овој простор од автомобили по примерот на европските метрополи. Со воведување на ефикасен јавен транспорт каков што е БРТ системот граѓаните добиваат алтернатива за транспорт на граѓаните, а особено оние кои сакаат да стигнат до овој дел од градот. Двете линии на БРТ се преклопуваат непосредно пред пешачката зона, велат од таму.

Додаваат дека дополнително олеснување на движењето се добива и со кружните текови кои се предвидува да се изградат во непосредна близина на зоната, со цел движењето на автомобилите полесно се дисперзира од центарот на градот. Два кружни тека се планирани пред и по надвозникот кај Црниче и Кисела Вода и третиот кај зградата на поранешна Нова Македонија.

Целта, како што напоменуваат е да се дисперзира фокусот на Градот Скопје во неговиот центар, да се остави простор градот целосно да се развива, во сите негови делови. Истовремено, оставајќи простор за посетители, пешаци, велосипедисти, токму во центарот на градот, а истиот да се сочува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања