Скопје на ниво со Дубаи и Сиднеј, додека сите ги откажуваат забавите - ние ќе имаме и огномети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
skopje_i_makedonija_5_dana_nova_godina_putolovac-640x419

Иако се предвидуваше дека оваа година повторно ќе ги има традиционалните големи прослави на Нова Година ширум светот, сепак поради новиот бран на коронавирус, предизвикан од сојот омикрон, плановите пропаднаа. Па така, во повеќето делови од светот, особено во Европа, на големо се откажуваат јавните настапи и се воведуваат ограничувања и рестрикции токму пред празниците.

— реклама —

Во Атина, оваа година нема да има огномет над Акропол, откако грчката влада ги забрани сите јавни прослави на Божиќ и Нова година што беа планирани во општините. Сите воведени мерки и рестрикции ќе важат до 3 јануари.

— реклама —

Германија ќе ги ограничи собирите од 28 декември и забрани новогодишни прослави, па така нема да има огномет во Берлин, Минхен, Франкфурт и другите градови.

— реклама —

Во Единбург, јавниот дочек на Нова година исто така е откажан. Во Ирска рестрикциите ќе стапат на сила после Божиќ.

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, го откажа планираниот настан на плоштадот Трафалгар уште на 20 декември, иако беше планирана прослава со најмногу 6.500 луѓе.

Париз исто така откажа традиционалниот огномет над авенијата Елисејски полиња, а нема да има ниту настапи на диџеи. Француската влада ги забрани сите јавни собири и забави уште на 17 декември.

Бразилснака влада ја откажа новогодишната прослава во Рио де Жанеиро на 18 декември.

Празничните настани ќе изостанат и во Рим, додека Венеција исто така ги откажа концертите на отворено и огнометот.

Сепак, во Њујорк после една година пауза, повторно ќе се чека Нова година на Тајмс сквер. Градоначалникот на заминување Бил де Блазио не ја откажа прославата, со тоа што наместо 58.000, ќе може да присуствуваат само 15.000 луѓе. Единствен услов за пристство е сертификат за вакцинација и носење маска.

Локалните власти во Дубаи најавија дека ќе има пиротехничко шоу над највисоката зграда на светот, „Бурџ калифа“.

Сиднеј не ги откажа плановите за пролсавата, но влезот ќе се наплаќа. Иако не е неопходно целосно вакцинирање, сепак е препорачливо.

Во Тајпеј е планирано традиционалното одбројување со огномет над кулата „Тајпеј 101“.

На Плоштадот Македонија во Скопје ќе има дочек на Новата година со домашни изведувачи и огномет. Прославата ќе биде организирана и регулирана со почитување на сите протоколи за ковид-19.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања