Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Скопските средношколци ќе одат на летен едукативен камп во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-libraryb0fu8g94re325fPjMcM

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави организирање на летен наставно-научен едукативен камп наменет за учениците од средните училишта во главниот град.

Кампот ќе се одржи во Охрид во периодот од 19 до 31 август и ќе им понуди на средношколците можност да стекнат нови знаења, да развиваат креативност и лидерски вештини, но и да создадат нови пријателства и незаборавни искуства.

— реклама —

„Знаењето е најголемата инвестиција во иднината, а наша обврска е на младите да им отвориме што повеќе врати. Да им дадеме простор да прашуваат, да истражуваат, да се натпреваруваат со идеи, да работат во тим и да веруваат во себе“, порача Ѓорѓиевски.

— реклама —

Во рамките на кампот ќе бидат организирани научно-истражувачки работилници, едукативни предавања, интерактивни дискусии, тимски проекти, културно-историски посети и спортски активности.

Според градоначалникот, најважната цел е младите да почувствуваат дека знаењето не е само оценка во дневникот, туку сила што отвора можности, гради карактер и создава иднина.

— реклама —

„Скопје мора да вложува во своите млади, затоа што токму тие се енергијата, идејата и иднината на нашиот град“, истакна Ѓорѓиевски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања