Промени тема
Контакт

Шкријељ: Апсурдна ситуација - ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе идентичен закон со законот за наставници и стручни соработници којшто го блокира една година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sanela-2

Да немавме, за жал комплетно блокирање на работењето на комисијата за образование во Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ досега веќе ќе беа зголемени платите на наставниците и стручните соработници, истакна пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ во емисијата „24 Анализа“ на ТВ 24.

Таа нагласи дека СДСМ изминатите неколку години покажа дека се грижи за платите на наставниците и на стручните соработници.

— реклама —

Тоа е витална дејност во нашето општество и ако сериозно се грижиме за нашата држава, треба токму таму треба да инвестираме и затоа уште на почетокот на минатата година се донесе предлог измени на законот за наставници и стручни соработници, кој што требаше системски да реши некои работи, односно да се осигура дека ќе има континуиран раст на платите на наставниците и стручните соработници, без тоа да зависи од волјата на кој и да е во моментот на власт, рече Шкријељ, додавајќи дека не се очекуваше законот да наиде на толкав отпор.

— реклама —

Пратеничката Санела Шкријељ истакна дека пратениците од опозицијата не дозволија ниту да почне дискусијата, а има и снимки за физички обид да се спречи претседателката на комисијата за образование да го стави овој закон на дневен ред.

— реклама —

Кога се постигна договор за минималната плата, лидерот на опозицијата излезе со предлог амандман на законот за минимална плата, за раст на платите во образованието, а кога укажавме дека тие година дена блокираат закон кој гарантира раст и усогласување со минималната плата добивме една апсурдна ситуација, кога најавија дека ќе го поднесат идентичниот закон којшто СДСМ го поднел пред година дена, а кој го блокираат во собраниска процедура. Дури благо е да се каже дека е несериозно и неодговорно да се блокира нешто само за да се блокира, а на крајот да се потврди дека предлог законското решение е добро, порача пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ во емисијата „24 Анализа“ на ТВ 24.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања